| четврток, 6 декември 2018 |

Манчевски за настаните од 27 април: Еден од нив се упати кон мене и ми удри тупаница, носот ми беше скршен

Министерот за информатичко општество и администрација, денеска во Кривичниот суд сведочеше за настаните од 27-април во Собранието и нападот над Зијадил Села. Тој истакнал дека бил надвор во холот пред прес-центарот кога првите луѓе се појавиле на скалите со фантомки на главата при минатогодишниот упад во Собранието.

– Еден, не го гледам во судница, а беше облечен во дрес и беше во непосредна близина на Села. Не можам да кажам дали го нападнал Села, но можам да кажам дека беше еден од најагресивните, рече Манчевски.

– Веднаш се упатија кон нас, еден од нив кон мене се упати и ми удри бокс по лицето. Носот ми беше скршен. Некои маваа со раце, некои со сталаци, некои со компјутери, рече Манчевски.

Тој изјавил оти се труделе да не ги гледаат насилниците во очи оти ако ги гледале веднаш се насочувале кон нив и ги напаѓале. Села бил меѓу пратениците, посочи министерот и додаде дека околу него биле повеќе пратеници.

– Села константно беше маван како и сите таму. Ако не со бокс тогаш со сите предмети со кои маваа. Имаше крв на главата. Имаше извици и закани кон сите нас и конкретно кон Заев и Села. Викаа убиј го Села, убиј го Заев, убиј ги предавниците…сведочи министерот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top