| четврток, 6 декември 2018 |

Се намалува бројот на часови за учениците – наставниците добиваат повеќе одмор

Децата од 1 до 3 одделение може да имаат најмногу 4 училишни часови во текот на денот, предвидува новиот закон за основно образование кој денеска го презентира Министерството за образование и наука.

Според него, работни саботи веќе нема да има а ќе се остави простор за 5 дена помалку настава доколку за тоа се укаже потреба. Наместо досегашните минимум 180 работни денови годишно, бројката ќе се спушти на 175.
Учениците од 4 до 6 одделение ќе може да имаат неделно најмногу 25 часа, а оние од 7 до 9 одделение ќе имаат најмногу до 30 часа

Со закон ќе се регулираат и неработните денови за наставниот кадар во текот на зимскиот распуст. Најмалку половина од деновите од распустот ќе бидат платени неработни денови, кои не се дел од годишниот одмор на наставникот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top