Собраниските седници на кои денеска требаше да се гласа за дел од реформските закони, се поместени за во четврток со цел за нив да се гласа во присуство на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, кои од утре се враќаат во Собранието.
Денеска требаше да се гласа за измените на Законот за заштита на сведоци во скратена постапка и да се расправа за измените на Законот за судови. Одложенa е и седницата на која требаше да се разгледуваaт Законот за јавното обвинителство и Законот за кривична постапка.
Според пратениците од парламентарното мнозинство овие закони биле договорени со ВМРО-ДПМНЕ. Пратеничката група на оваа партија од утре се враќа во Собрание со интерпелација за Владата на Зоран Заев. Седницата за гласање на доверба на Владата е закажана за 11 часот.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ речиси четири месеци го бојкотираа парламентот, но Извршниот и Централниот комитет на партијата неодамна одлучи да го прекинат бојкотот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст