Во Кривичниот суд денеска требаше да почне рочишето за предметот на СЈО „Тенк“, но по барање на адвокатот на поранешниот премиер Никола Груевски за изземање на Судечкиот совет, Судот даде еден час пауза.
Барањето, како што образложија адвокатите, е поради тоа што специјалната обвинителка Катица Јанева дала изјава на национална телевизија дека има судии кои постапуваат по предмети на СЈО, а биле прислушувани.
Адвокатот побара и изземање на претседателот и замениците претседатели на Кривичниот и Апелацискиот суд.
На рочиштето за „Тенк“, на кое од СЈО присуствуваа обвинителите Ленче Ристовска и Стевчо Донев, треба да бидат слушани цедеата, како и да бидат сослушани тројца сведоци на обвинението и да се презентираат и другите материјални докази.
Според обвинението, во периодот од февруари до крајот на октомври 2012 година Груевски како службено лице ги искористил влијанието и службената положба и побарал од министерката за внатрешни работи Јанкулоска, да спроведе јавна набавка во која министерството ќе купи ново блиндирано патничко моторно возило „мерцедес“, модел „С-600 гард“, а во постапката бил фаворизиран економскиот оператор М.А. ДООЕЛ, генерален застапник и дистрибутер на возилата од брендот „Мерцедес“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст