Министерот за надворешни работи на Украина, Павло Климкин, утре и задутре ќе престојува во официјална посета на Република Македонија на покана на шефот на македоснката дипломатија Никола Димитров.
Во рамките на официјалната посета на Република Македонија, министерот Климкин ќе биде примен и од претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, премиерот Зоран Заев и од вицепремиерот Бујар Османи.
Како што соопшти МНР, се очекува Димитров и Климкин да ги разгледаат можностите за натамошно унапредување на билатералните политички, економски и друг вид односи и соработка. Ќе бидат разменети и мислења од доменот на европските и евро-атланските аспирации и интеграци на двете земји, како и за други актуелни меѓународни прашања.
Министрите Димитров и Климкин ќе потпишат и Заедничка декларација меѓу министерството за надворешни работи на двете земји, како и Меморандум за заемна соработка меѓу Дипломатската академија во македонското МНР и Дипломатската академија „Генадиј Удовенко“ во Министерството за надворешни работи на Украина. По средбата предвидена е заедничка прес-конференција на двајцата министри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст