| четврток, 6 декември 2018 |

Утре нова пресуда за Шешељ во Хаг, тој вели – ќе ја преспијам

Претседателот на Српската радикална партија, Воислав Шешељ утре од судот во Хаг ќе ја слушне второстепената пресуда. На страната на судот е соопштено дека пресудата ќе се изрече во 14 часот.

Судскиот совет на Хашкиот трибунал на 31 март 2016 година го ослободи Шешељ по сите девет точки од обвинението, кој се товареше за здружен злосторнички потфат, злосторства против човештвото, убиства, говор на омраза, депортација и други злосторства против Хрватите и муслиманите во Хрватска, БиХ и Војводина.

Обвинителството се жалеше и бараше казна од 28 години затвор или повторување на судењето.

Судскиот совет со кој претседава судијата Теодор Мерон може да го прифати предлогот, да одреди друга казна или да ја потврди првостепената пресуда.

За српските медиуми, Шешељ изјавил дека утрешната пресуда ќе ја преспие.

– Ете колку ми е грижа за нив. Ма воопштво не ме интересира што ќе кажат таму. Пресудата ми паѓа во незгодно време, бидејќи тогаш ја имам попладневната дремка и не ми паѓа на памет да ја слушам пресудата. Сеедно ми е каква ќе биде. Доброволно не одам никаде, па ни во Хаг. Мојата судбина е да го бранам српскиот народ, вели Шешељ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top