| четврток, 6 декември 2018 |

Кетрин Зета-Џонс вчеравечер останала во сенка поради нејзината 14-годишна ќерка (Фото)

Вчеравечер во Њујорк е одржана уште една ревија во склоп на модното шоу “Dolce & Gabbana Women’s Couture Fashion”, a помеѓу славните гости била и велшката актерка Кетрин Зета-Џонс која последните неколку месеци е во центар на вниманието поради нејзиниот нов филм.

Актерката е позната и како сопруга на 25 години постариот актер Мајкл Даглас, а таа и во петтата деценија воодушевува со својот изглед, но вчеравечер таа останала во сенка поради нејзината прекрасна ќерка Карис.

Карис има само 14 години, но вчера дефинитивно не изгледала така, а девојките блескале во црни модни комбинации и беспрекорен мејкап. 48-годишната Кетрин се одлучила за црн провиден фустан со корсет, додека нејзината ќерка блескала во интересен црн комбинезон.

Фотографиите се уште еден доказ дека Карис е верна копија на својата мајка.

ALTA MODA – D&G🖤 thank you for a beautiful evening @dolcegabbana @stefanogabbana

A post shared by carys zeta (@carys.douglas) on

sick bro

A post shared by carys zeta (@carys.douglas) on

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top