Во текот на историјата, голем број на жени на непроценлив начин имале свој придонес во светски размери и покрај фактот дека се соочиле со полова дискриминација. На човештвото му придонеле пронајдоци без кои не можеме да го замислиме животот денес и за кои дури и не знаевте дека се производи на женскиот ум.
1. Хартиена кеса – Работничката во фабриката за памук Маргарет Најт измислила хартиена кеса во 1868 година, но еден човек по име Чарлс Анан се обидел да ја украде нејзината идеја и успеал прв да ја патентира. Кога нејзиниот колега Чарлс Анан се обидел да ја украде идејата, Најт го тужела и по долгиот правен спор, таа го добила спорот и патент за нејзината машина, објави Zadovoljna.hr.
2. Лекови за сериозни болести како леукемија – Гертруда Eлион со својот колега Џорџ Хитчингс ги пронашле некои од првите лекови за тешки и сериозни болести како што се леукемија, СИДА и херпес. Елион и Хитчингс развија метод кој помогна во револуцијата за производство на лекови.Eлион исто така ги измислила азатиоприн, имуносупресив, благодарение на кои луѓето со слаб имунолошки систем можеле да добијат трансплантација на орган.
3. Бришачи за автомобил – Во дамнешната 1903 година, Мари Андерсон се сетила дека бришачите за автомобилот би биле исклучително корисни. Изумот шипка со гумен додаток што се приклучува на стаклото, го патентирала една година подоцна.
4. Идентитетот на повикувачот и повик на чекање – Достигнувањата во истражувањето на телекомуникациите од д-р Ширли Ен Џексон доведоа до откривање на идентитетот на повикувачот и повик на чекање.
5. Монопол – Елизабет Маги е главна и одговорна за една од најпопуларните друштвени игри на сите времиња. Оваа игра првично била наречена “Игра на сопственикот” и измислена односно патентирана во 1903 година.
6. Соларно греење – Д-р Марија Телкес е одговорна за првиот систем за греење на соларна енергија. Во 1925 година се преселила во САД и се ангажирала на проект што се занимавал исклучиво со ова прашање. Во 1940 година го развила и го овозможила првиот систем за соларно греење за домаќинствата, а во реализација на проектот и помогнала уште една успешна жена-архитект, Елинор Рејмонд.
7. Рачен апарат за производство на сладолед – Ненси Џонсон го измислила првиот апарат за производство на сладолед во 1943 година.
8. Пиво – Иако со сигурност не можеме да тврдиме кој навистина прв го произвел пивото кое што со задоволство го пиеме денес , податоците до кои што историчарите дошле преку истражувања покажуваат дека тоа е жена, поточно жени. Имено, пред 7.000 години во Месопотамија, жените биле одговорни за производство на пиво. Тоа било вештина што ја знаеле исклучиво само припадничките на понежниот пол .
9. Противпожарни скали – Првите противпожарни скали од надворешната страна на зградата се измислени во 1897 година од Ана Конли. Тие служеле за евакуација во случај на опасност како што е пожар.
10. Панцир – Верувале или не, заштитен балистички елек, подобро познат како панцир е изум на жена. Нејзиното име е Стефани Кволек, а истражувањето што го спровела резултирало со изум на панцирот, поточно материјалот кој се користи при нивното изработување. Пронајдокот бил патентиран во 1966 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст