| четврток, 6 декември 2018 |

Германија планира да им го одземе државјанството на џихадистите

Германската влада планира да донесе закон кој ќе им овозможи да им го одземат германското државјанство на исламистите опасни за уставниот поредок, јавија германските медиуми.

Планираме да донесеме закон кој ќе овозможи на џихадисти кои имаат двојно државјанство да им се одземе германското“, за медиумите изјави Стефан Мејер државниот секретар во Министерството за внатрешни работи, пренесе Дојче веле.

Мејер додаде дека очекува законот да биде донесен до крајот на оваа година.

И досега имало предлози за на сите оние кои учествувале во борбите на страната на исламистите во Сирија и Ирак да им се одземе германското државјанство, но ова е прва конкретна најава за измени во законот што тоа би го овозможил.

Како што е наведено, оваа иницијатива потекнува од новиот министер за внатрешни работи, Хорст Шихофер кој веднаш по пристигнувањето на оваа позиција најави остри мерки против исламистите.

Тој, исто така, најави и по систематско протерување на лицата на кои им е одбиено барањето за азил, и за кои не постојат правни основи за престој во Германија.

Шихофер денес најави дека би сакал да ја прошири листата на земји што се означени како безбедни земји, што ќе им овозможи полесно протерување. Покрај Мароко, Тунис и Алжир, Шихофер листата сака да ја прошири и со Ерменија и Грузија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top