Пожар на влезот во индустриската зона на магистралниот пат Струмица- Радовиш, на клучката кај селото Василево избувна денеска. Според непотврдени информации, гори салон за мебел, јавува локалната ТВ Орбис.
Во близина на салонот се наоѓа и бензинска пумпа која засега не е зафатена од огнот, но се стравува дека би можело да дојде до уште поголема незгода ако и таа биде зафатена. Огнените јазици и црниот чад можат да се забележат од огромна далечина.
Неколку возила на противпожанатра единица од Струмица го гаснат пожарот, а засега патот кај клучката за Василево е прооден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст