| четврток, 6 декември 2018 |

Тешка мисија во Мадрид: Јувентус со четворица напаѓачи на гостувањето кај Реал

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри размислува да настапи со почетен состав во кој ќе има четворица „истурени“ офанзивни фудбалери на реваншот од четвртфиналето во Лигата на шампионите. Италијанските медиуми објавија дека Алгегри разгледувал две формации, едната е 4-2-4, а другата 4-3-3.

Како што се наведува, доколку Јувентус игра со тројца во средниот ред и три напаѓачи на теренот тоа ќе бидат Матуиди, Миралем Пјаниќ и Сами Кедира поназада, а Гонзало Игуаин, Даглас Коста и Квадрадо или Манџукиќ напред.

Во случај на четири напаѓачи Матуиди ќе остане на резервната клупа, а на средината ќе играат само Кедира и Пјаниќ.

Првиот натпревар кој се одигра на 3 април, заврши со висок пораз на италијанскиот шампион (0-3), па пред Јуве е многу тешка задача да ја надомести оваа негатива на гостински терен во Мадрид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top