Во потресната исповед за последните денови на големата рокенрол ѕвезда, Присила Присли објаснила како Елвис долго се борел со депресијата и зависноста од лекови против болки.
-Уморен сум од животот, ми треба долг одмор- напишал покојниот Присли во пораката до своите пријатели и менаџерот Џо Еспозито. Во документарниот филм на HBO, поранешната жена на Елвис открила дека нејзиниот маж ги поминал последните денови од животот во самотија, пишувајќи проштални писма.
-Знаеше што прави. Неговите блиски пробуваа нешто да направат, но никој не успеа да допре до него. Тој брзо те исфрлаше од неговиот живот- објаснила актерката која тврди дека ниту таа не успеала да го натера да се откаже од лековите.
Непосредно пред смртта, во јавноста излегле информации дека еден од докторите на Елвис му препишал повеќе од 10 илјади таблети во рок од осум месеци.
Освен со зависноста, Елвис се борел и со тежок облик на депресија, а во една прилика тој и сам навел дека “кралот има многу обожаватели, но сè уште се чувствува осамено”.
Елвис Присли почина на 16-ти август 1977 година, откако бил пренесен во болницата “Баптист Меморијал” во Мемфис, каде докторите безуспешно пробувале да го реанимираат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.