| четврток, 6 декември 2018 |

Хорор на Велигден, се бркале со секири, нападнат е и полициски службеник

Вчера околу 11,30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека во с.Таор-скопско дошло до нарушување на јавниот ред и мир помеѓу С. Д, (23), Г.Д. (32) и Д.Д. (63) од една и Љ Д. (65) од од друга страна.

При расправијата во еден момент С.Д. со секира замавнал кон Љ.Д., но не го погодил.

Потоа Д.Д. и С.Д. физички го нападнале Љ.Д., по што тој се здобил со повреди и бил пренесен во комплексот клиники “Мајка Тереза“.

При интервенција од страна на полициски службеници од Полициската станица Драчево, Д.Д. нападнал еден од полициските службеници.

Лицата се приведени во полициска станица и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top