Португалецот Рикардо Кварезма важеше за еден од најталентираните фудбалери во минатото во Европа, но не успеја да го исполни огромните очекувања. Познато е дека тој и Кристијано Роналдо се големи пријатели од тинејџерските денови кога заедно тренираа во Спортинг.
Кварезма дебитираше за Спортинг во 2001. година, а само две години подоцна потпиша за Барселона. На многумина им изгледаше тоа како голем чекор во кариерата, но не беше така.
– Верувајте ми ниту денес не можам да разберам што ми се случи во Барселона зашто на почетокот сѐ беше како што треба, но потоа како гром од ведро небо стигна најлошиот период во мојот живот. Рајкард не ми објасни што се случува, иако забележав дека го смени стилот на игра за да се прилагодам на него и Барселона. Работите беа поинакви наеднаш зашто завршив на клупата или трибините. Морав да се скарам со Рајкард поради таа причина, објаснува Кварезма.
Португалецот остана во Барселона само една сезона, по што се врати во татковината, но овој пат во дресот на Порто. Потоа се обиде да направи нешто во Интер и Челси, но едноставно немаше доволно сила за такво нешто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст