| четврток, 6 декември 2018 |

Приведено 21 – годишно момче: Ја тепал мајка си, фрлал со камења по полицајците, се заканувал дека ќе фрли бомба

Вчера во 14.00 часот во Полициското одделение Галате, Х.А. (45) од с. Сенокос пријавила дека од страна на нејзиниот син А.А. (21) и била нанесена повреда.

Од страна на полициски службеници било излезено на местото на настанот и во дворот од семејната куќа ги затекнале пријавителката и нејзиниот сопруг како разговарале со лицето Н.И. во врска со настанот. Потоа А.А. почнал да ги навредува со погрдни зборови полициските службеници и неговите родители, а во еден момент почнал да фрла со камења кон нив. Од нивна страна А.А. бил предупреден да престане, но истиот продолжил и се заканувал дека ќе фрли бомба.

А.А. бил приведен. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top