Велигден или пролет се слави во разни цивилизации, а многу пагански обичаи од старо време се задржани до денес и станале дел од обичајот на празнување на Велигден. На Велигден семејството оди во црква на света литургија, а после службата се поздравува со: Христос воскресе! Навистина воскресе!. овој поздрав е вообичаено да се практикува до Спасовден.
Кога ќе се вратат од црква, семејството меѓу себе си честита Велигден и седнуваат на свечената трпеза на која мора да има:
1. Мед -симболизира апостоли. Сите тие како пчели на Исус го разнесувале Евангелието на разни страни.
2. Јагнешко месо -го симболизира Господ, роден во шталата меѓу јагнињата, гонет од луѓето со волчја нарав. Тој е жртвено јагне кое трпеливо ги поднесло маките и смртта.
3. Говедско месо -го симболизира човекот (мудрост, лав (храброст), волот (правдата) и тоа се четирите животни кои во визиите ги видел пророкот Језекил и светиот апостол Јован Богослов.
На свечениот ручек нема јадења од свинско месо бидејќи во христијанството свињата и кучето се симболи на упорните неверници.
4. Вапсани јајца – тие се симбол на Велигден иако се предхристијански обичај. Овој симбол на пролетното будење на животот постои и во еврејската религија.
5. Леб -на масата мора да има леб, сол и риба. Сите намирници кои служат за подготовка на празничните специјалитети имаат длабока симболика. Лебот го симболизира Господ.
6.Квасец – тој е симбол на небесното царство „бидејќи од мал гумен квасец сето тесто се закиснува“. Затоа велигденскиот колач задолжително се прави со квасец.
7. Сол – укажува на вистински христијанин кој и останаите ги усмерува кон добро. Душата насолена со науката на Исус не подлегнува и не се расипува, а притоа им помага на блиските да ја одржат и да не се расипат.
8. Вино – претворањето на водата во вино го симболизира чудесното претворање на земниот човек во небесен. Виното е симбол на Исус, а лозата е симбол на следбениците Хистови.
9. Грозје, смокви, чичак и трња- тие се симболи на добрите и злите луѓе.
10. Риба – е симбол на сите луѓе. Ловот на риба означува ловење на човечки души за Божјото царство. Конзумирање на риба е дозволено во текот на постот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст