| четврток, 6 декември 2018 |

Чудо во Прибилци: Ликот на премиерот Заев се појавил на велигденско јајце (ФОТО)

Вистинско чудо утринава ја изненадило домаќинката Верка Петровска од село Прибилци, кога го отворила тенџерчето со вапцани јајца и забележала дека на едно од јајцата се појавил ликот на премиерот Заев.

-Не можев да поверувам, затреперев и силно викнав по сопругот кој тогаш беше во свињарникот. Му велам, „Мирчо, дојди да видиш какво чудо се случи во нашиот дом, Заев ни се појави на јајце!“. Тој прво не ми веруваше, мислеше дека сум се мрднала од паметот, но кога со свои очи го виде чудото се прекрсти и побара помош од Бога. – раскажува Верка пред репортерот на Република.

Откако брачниот пар Петровски се соземал од чудото кое ги снашло, ги повикале и соседите да видат што се случило во нивниот дом. Соседите дошле и сите заедно се прекрстиле и помолиле, а до Библијата која била ставена на масата каде што биле јајцата, ја ставиле и книгата со програмата „За живот во Македонија“.

-Така ни рече селскиот свештеник, до Библијата да ја ставиме и програмата на СДСМ, затоа што „живот“ и „едно опШество“ биле православни работи кои требало да се додадат во каноните на црквата. Јас до сега не бев некој верник, мрсев и во постот, ама сликата на Заев на јајцето ме смени и почнав да верувам во бога. – вели Мирчо, познат свињар од Прибилци.

Мирчо и Верка велат дека очекуваат ова чудо следната година да донесе бериќет во нивниот дом, но и во државата. Како што велат, тие од свињарникот заработуваат 998 евра месечно, што значи нема да влезат во групата за прогресивно оданочување, а се надеваат и оти ваквата божја порака ќе влијае на побрза реализација на планот 3-6-9 и побрза интеграција во ЕУ.

-Се гледа дека Заев е божји човек, тие што до сега не веруваа дека Господ него го црпнал од нивата во Муртино и го донел да ја води државата, сега ќе останат без зборови. Во нашата куќа од денес неговиот роденден ќе биде Слава, а вникот кој го очекуваме ќе го крстиме Зоки. – вели тетка Верка за Република.

Луди чифут

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top