Благодатниот оган што секоја Велика сабота веќе два милениума чудесно се појавува на гробот на Исус Христос, вечерва од Ерусалим преку Софија, се очекува во периодот меѓу 19.30 до 20 часот да пристигне на Меѓународниот аеродром „Скопје“, информираат од Македонската православна црква – Охридска архиепископија.
На аеродромот во Софија ќе го пречека бугарскиот патријарх Неофит, а таму ќе биде и владиката Иларион од Брегалничката епархија на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.
На скопскиот аеродром ќе биде преземен од црковни претставници и пренесен по епархиите и храмовите низ државата. Ова е прв пат МПЦ-ОА за Велигден официјално да го добие благодатниот оган и тоа со помош на Бугарската православна црква.
Благодатниот оган
Благодатниот оган се пали на чудесен начин секоја година на Велика сабота на гробот на Исус Христос во Ерусалим. Благодатниот оган се смета за чудо во православието, бидејќи се пали единствено во рацете на ерусалимскиот патријарх и во првите моменти не зрачи топлина и не предизвикува изгореници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст