| четврток, 6 декември 2018 |

Метеомакс има изненадување за сите

Променливото време со сончеви периоди и со услови за сосема слаб локален дожд ќе продолжи уште во текот на денешниот саботен ден додека навечер облачноста ќе се намалува.

За време на Воскресението Христово кога граѓаните низ цела Македонија присувствуваат во Светите Храмови и го чекаат Христовото Воскресение времето ќе биде ведро и не многу свежо со мала до умерена облачност.

Ќе дува слаб ветер од северен правец додека температурите на воздухот ќе се движат во интервалот од 6 до 13 степени додека рано наутроп во недела од 4 до 11 степени.

Прекрасното сончево, многу топло, стабилно и суво време со сосема мала локална облачност ќе се задржи и на првиот ден од Христовото Воскресение – Велигден (недела) кога максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 25 степени.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба СЛАВЧО ПОПОСКИ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top