| четврток, 6 декември 2018 |

И канадска фирма собирала податоци на корисници на Фејсбук?

Компанијата „Фејсбук“ соопшти дека прекинала соработка со канадска фирма за консултантски услуги во политиката „Егригејт Ај-Кју“ (Aggregate IQ) откако е објавено дека е можно таа фирма на несоодветен начин да имала пристап до лични податоци на корисници на Фејсбук.

– Поради неодамнешни наводи дека е можно „Егригејт Ај-Кју“ да е поврзан со „Ес-Це-Ел“ и дека е можно како резултат на тоа, на несоодветен начин да добиле податоци за корисници на Фејсбук, ги додадовме на листата со кои прекинуваме соработка додека трае нашата истрага – се вели во соопштение од „Фејсбук“.

Ес-Це-Ел е скратеница за фирмата Лаборатории за стратешки комуникации кои имаат догвоор со владата и армијата и сопственик е „Кембриџ аналитика„.

Според Кристофер Вајли, кој откри за потезите на „Кембриџ аналитика„, „Егригејт Ај-Кју“ примале пари од групи за кампања за напуштање на Велика Британија на Европската унија пред гласањето за референдумот во 2016 година

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top