Советникот во Минситерството за култура Златко Теодосиевски вели дека не влијаел на изборот на неговата сопруга Гена Теодосиевска за директор на Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“.
Ви ја пренесуваме неговата реакција испратена до „Република“.
„На вашиот портал република online, на 04 април 2018 година, објавивте (непотпишан) текст насловен „Непотизмот цвета во Министерството за култура: Сопругата на советникот станала директорка“, во кој што се изнесуват редица ноторни невистини и конструкции за мене, Златко Теодосиевски, и мојата сопруга Гена Теодосиевска.
Прво, вашиот текст ме прогласува за „осомничен за финансиски малверзации во времето кога извршувал висока позиција во Министерството за култура“. Сакам да ви укажам дека јас сум „извршувал висока позиција“ во Министерството за култура во периодот 1993 – 1998 година, и во наведениот период не сум бил осомничен за никакви „финансиски малверзации“. Доколку вие имате поточни податоци за моето минато, ве молам објавете ги, или – извинете се. Јавно, сега и веднаш на вашиот портал, инаку ќе бидам приморан да поднесам тужба притив вас.Понатаму, велите дека „Теодосиевски успеал да издејствува неговата сопруга Гена Теодосиевска да се вработи“. Како тоа „сум издејствувал“, и каде? Колку што знам, мојата сопруга е вработена веќе дваесетина години во МРТВ! Тогаш сум „издејствувал“, или сега? И каде тоа сум ја вработил сопругата? Објаснете, или извинете се, веднаш, инаку ќе бидам приморан да поднесам уште една тужба против вас.И трето, велите дека „таа благодарение на него (мене, м.з.) е именувана за директор на Фестивалот на филмска камера Браќа Манаки, што несомнено претставува непотизам“. Молам да појасните како тоа „благодарение на мене“ таа била именувана за директор на Фестивалот на филмска камера Браќа Манаки, кога јас немам врска со Фестивалот, а таму директорот го ИЗБИРА (а не именува!) Друштвото на филмски работници на Македонија!? Јас, патем, немам врска ни со Друштвото, па не разбирам како тоа сум издејствувал таа да биде ИЗБРАНА (а не именувана) за директор. Објаснете, или извинете се, инаку ќе бидам приморан да поднесам и трета тужба!За другите лаги и инсинуации ќе чуете од мојата сопруга!“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст