За христијаните ширум светот денеска е Велики петок, денот на Христовото страдање и најтажниот ден во христијанството, кога Исус Христос умрели е распнат на крстот на Голготата.
На Велики петок се пости, на овој ден не се пее, не се весели, а од Велики чеврток, па се до Велигден кога Исус воскреснува, не ѕвонат црквените ѕвона во православните цркви.
На овој ден не се работи ништо од домашните работи, а жените не смеат да земаат игла во рацете, бидејќи се верува дека ќе им излезат пликови.
Во некои земји веруваат дека девојките кои на овој ден ќе украдат цвеќе од црквените порти и го стават под јастук, вечерта ќе го сонуваат идниот сопруг.
Се верува дека тие што на тој ден ја измијат косата, следната година нема да ги боли глава.
Во црквите се поставува посебно украсена маса (Христовиот гроб), под кој верниците се протнуваат и додека го прават тоа треба да замислат желба и да се помолат на Бога.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Утре е голем и тежок празник – Свети Архангел Михаил: Ги штити верниците, ги казнува неверниците!
-
Ни доаѓа Огнена Марија: Ова никако не смеете да правите !
-
Ако сте љубител на јаболка, на Петровден никако не сечете ги со нож, а во зорите треба…
-
Иванден е ден за лекување болести и за добивање потомство: Денеска Сонцето застанува три пати