Услови за појава на пороен дожд и грмежи ќе има попладне во југоисточниот дел од Македонија. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, особено изразен долж Повардарието.
Како што соопшти УХМР, утре во југоисточниот дел на државата повторно ќе има услови за појава на краткотрајна нестабилност со пороен дожд и грмежи. Потоа следува период на стабилно, претежно сончево и топло време со дневни температури кои речиси насекаде ќе надминуваат дваесет степени.
Сончево ќе биде в недела, а краткотрајно наоблачување со услови за појава на слаб локален дожд во западните делови ќе има во понеделник попладне.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.