Имаме постојано задолжувања, имаме непродуктивни трошења, а немаме капитални инвестиции. Нема проекти, не се гради во Република Македонија и тоа што го започна ВМРО-ДПМНЕ во делот на инфраструктурата, со месеци се стопира, а сето тоа е на штета на економијата и на градежништвото, потенцираше во денешното интервју во емисијата Алфаскоп, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.
Според него, оваа влада е неспособна бидејќи сега кога е на власт и кога треба да направи нешто за граѓаните тие повторно само ветувале и се однесувале како да се во изборна кампања.
Тој додаде дека минатата недела изјавиле дека ќе се гради нова институција, но не ја кажале ниту локацијата, ниту пак колку ќе чини изградбата на таа институција. Вели дека ваквите изјави од страна на владата на СДСМ, ги иритира и потценува граѓаните.
За најавените проекти на Сугаревски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека тие проекти се започнати во времето на ВМРО-ДПМНЕ.
-Ги знам сите тие проекти, јас како министер за транспорт и врски во времето на ВМРО-ДПМНЕ бев на тие проекти неколку пати. Јас сум ги најавувал, сум кажувал кога ќе започнат и завршат, сме правеле увид на градежните активности, додаде Мисајловски.
Мисајловски констатираше дека во време на ВМРО-ДПМНЕ се градело и се инвестирало во сите ресорни министерства и сето тоа било направено за доброто на граѓаните.
Како што кажа Мисајловски, СДСМ порано ги критикувала проектите, а сега се фали и слика со нив.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст