| четврток, 6 декември 2018 |

Директорот на тетовската болница: Има тројца ранети, засега не е познато дали има мртви


Директорот на болницата во Тетово, Флорим Бесими, за Portalb.mk потврди дека во денешниот настан во тетовска Мала Речица има тројца ранети. Тој рече дека засега не е познато дали има и мртви лица, додека пак еден од повредените е во критична состојба и е испратен во скопската Клиника.

Тој за Portalb.mk изјавил дека не може да открие повеќе детали бидејќи се прави експертиза од страна на полицијата и истражните обвинители кои се на терен.

Според она што е досега познато, непознати лица кои биле во два различни автомобили, застанале на улица и се судриле едни со други со огнено оружје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top