| четврток, 6 декември 2018 |

МВР го потврдува пукањето во Тетово, точниот број на жртви се уште не се знае

Портпарлот на МВР, Тони Ангелковски потврди дека две лица се повредени во инцидентот кој попладнево околу 18:30 часот се случил во селото Мала Речица.

Според првичните информации со кои располага МВР, повредените лица се пренесени во тетовската клиничка болница, но засега нема подетални информации за нивната здравствена состојба.

Ангеловски додава дека во врска со случајот приведени се две лица, но повеќе детали се уште не се откриваат.

Албанските медиуми јавуваат дека вооружениот инцидент се случил кај седиштето на ДУИ, а во истиот убиени се три лица од Куманово. Според нивните информации убиството било резултат на ривалство меѓу две групи на ДУИ.

Подетални информации за целиот случај се очекуваат подоцна.

 

Тројца кумановци убиени кај седиштето на ДУИ во Тетово?! (видео)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top