| четврток, 6 декември 2018 |

Голем пожар во болница во Истанбул

Голем пожар попладнево избувна во болница во Истанбул, зафаќајќи неколку ката од зградата.

Како што јави АФП, вработените во болницата ги евакуирале пациентите, а спроведена е евакуација и на жителите на околните згради.

Засега нема инфромации за жртви, а не се познати ниту причините за пожарот.

Од зградата на болницата, која се наоѓа во населбата Газиосманпаша во европскиот дел на Истанбул, се креваат пламени јазици, како и црн густ чад.

Во тек е акција на пртивпожарните единици за гаснење на пожарот.

Извор: МИА

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top