| четврток, 6 декември 2018 |

Навивач на реанимација по масовна тепачка на Гробари и Делии

Еден навивач е во животна опасност и се наоѓа на реанимација со тешки повреди на главата, а патем и расекотини на нозете и стомакот, по масовната тепачка која се случила на белградска Автокоманда, пред денешното коло во Српската Суперлига.

Денеска во српската престолнина не се игра вечното дерби, но и Ц. Звезда и Партизан се домаќини на своите мечеви со Земун односно Борац Чачак, а сооглед дека стадионите се во радиус од 500 метри, шанси за пресретнување на омразените навивачи групи е огромна.

Во близина на Автокоманда се случила жестока тепачка, во која учествувале 50 навивачи на Партизан (Гробари) и Ц. Звезда (Делии), а според информациите на спрските медиуми биле користени ножеви, мачети, палки, шипки…

Еден од навивачите, 29 годишен учесник во масовната тепачка бил итно пренесен во болница со тешки повреди. Не е посочено чив припадник е, дали на Гробари или Делии.

Пред само три недели во „Караѓорѓев парк“ имало жестока пресметка и заседа од Гробари кон Делии, по што навивачите на Партизан прогласија победа, па сега веројатно оваа тепачка е продолжение на истата. Српските медиуми вчера најавија можно крваво сценарио сооглед дека сите мечеви од последното коло во регуларниот дел се играат од 17 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top