| четврток, 6 декември 2018 |

Банкротира сексапилниот Kубанец Вилијам Леви (Фото/Видео)

Сексапилниот Kубанец, Вилијам Леви, кој сите добро го помниме по улогата на докторот Хуан Мигел од мексиканската ТВ серија “Внимателно со ангелот” буквално беше омилениот глумец на жените.


Меѓутоа, во последно време за глумецот воопшто не се зборува, бидејќи сакал тој сакал да изгради Холивудска кариера. Одбивал разни улоги во мексиканските ТВ серии за да оди чекор понатаму, но сега поради тоа пропаднал. Имено, глумецот е во финансиска криза.

🎉🍾🎊😉 @gutierrezelizabeth_

A post shared by William Levy (@willevy) on

-Беше арогантен и мислеше дека го поседува целиот свет. Нема ништо. Сега мора да ја проголта гордоста и да размисли како ќе заработува за живот. Поминува низ тежок период и веројатно ќе мора да им се врати на мексиканските ТВ серии иако велеше дека тоа е под неговото ниво, вели еден извор.

Изворот додава дека тој сакал да успее во Холивуд. Со своите улоги во ТВ сериите се срамел, а наведува дека куќата на Леви му била запленета пред две години, а сега има долг од 15 милиони пезоси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top