Лора Минова, девојчето од Кочани кое беше излекувано по молитвите кон свети Гаврил Светогорец во Лесновскиот манастир, денес ужива во средношколските денови, но не заборава да му се заблагодари на Бога што ѝ помогнал токму тогаш кога лекарите кренале раце пред нејзината болест.
Велигден е посебен празник за неа. Го чувствува како свој втор роденден бидејќи токму на големиот христијански празник се случило и нејзиното избавување од подлата безимена болест, нејзиното воскреснување.
– Пред две години, на Велигден успеав да застанам на нозе, токму овде пред моштите на Свети Гаврил Светогорец. Бев клекната пред нозете на отец Дамаскин и ја слушав неговата молитва. Во моментот, се појави некое необјаснето чувство, топлина… Не, не можам да објаснам… но, болката во прстите исчезна, искривените прсти на стапалото ми се исправија, а јас за прв пат после толку време немав никаква болка. Почувствував дека сум здрава. Без никој да ме придржува, после молитвата, тргнав зад отецот, самата зедов свеќа да запалам… моите родители не беа свесни што се случува… не беа ни свесни дека јас не сум веќе она дете кое со месеци го носеа на раце, од клиника на клиника низ скопската Државна болница. Со месеци од одделение на одделение, бараа помош, бараа да се дијагностицира болеста која ми ги грчеше стапалата и ми ја земаше свеста, ме лекуваа од сите можни болести со сите можни лекарства, но болеста не можеа да ја откријат ни нашите, ниту пак врвни доктори од Франција, раскажува Лора во репортажата на весникот Вечер.
Голготата на Лора започнала на 28 јануари, на самиот Празник на Свети Гаврил Лесновски, кога поради необјаснив напад на кашлица била однесена со возило на Брза помош на Детска клиника во Скопје, каде што терапијата што ѝ била дадена воопшто не дејствувала. Го изгубила апетитот, а набрзо потоа добила силни болки и воспаление во зглобовите на прстите на левото стапало, при што три прсти се искривиле.
– Беа тоа тешки и долги месеци во кои одевме по државни и приватни болници. Дијагноза – немаше. Болките во трите прсти на стапалото од самиот почеток беа неподносливи и не се смируваа со ниту еден лек препорачан од познати и искусни доктори, професори… Со месеци, од одделение на одделение, од врата до врата… Која е дијагнозата? Со каква терапија ќе се лекуваат болките во ногата и несвестиците, кои по примањето на имуноглобулините беа многу, многу чести…
Целиот текст за чудата на свети Гаврил Лесновски прочитајте го на Вечер.прес
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст