| четврток, 6 декември 2018 |

Ги загуби двете ќерки во еден ден, пијан возач ги прегази: Никој не смее да носи црно за нив

Слободан Петровиќ, таткото на настраданите девојки во страшната сообраќајка во Белград, кога автомобил загуби контрола и ги прегази додека стоеја на автобуска, така што буквално пијаниот возач ги внесе во излог, вели дека семејството е во црнина и дека никој не знае каква болка имаат.

– Имаше многу полиција во болница, веднаш знаев дека не е обична несреќа. Ми починаа двете ќерки, Милица беше прва, мислев дека бар едното дете ќе ми преживее, потоа почина и Марија. Во мојо дом наместо смеа владее тага. Никој не знае каква мака е ова и колку е тешко. Мислам дека се експлодираше во мене, вели очајниот татко.

Вели дека никој не сакаат да носи црно за нив, тие биле весели и воспитани деца и сакаат сите да ги паметат по тоа.

Двете девојчиња беа прегазени од возач со 2 промили алкохол кој цел ден пиел во кафеана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top