Велики петок се смета за најтажниот ден во христијанството и на тој ден не се служи литургија во црквите, освен ако не се поклопи со Благовестие. Од Велики четврток до Велигден не бијат црковните ѕвона зошто во православната црква тие се знак на радост. Православните христијани во недела го одбележуваат Велигден.
Постои верување дека девојките на овој ден ако украдат цвеќе од црквени порти и го стават под перница, ноќта пред Велика сабота ќе го сонат својот иден маж. Се верува дека оној кој на Велики петок ќе ја измие косата во текот на целата идната година нема да го боли глава, и ако куќата малку ја “помести“ со метла, која потоа ќе ја фрли метлата, со неа ќе го исфрли сето зло од куќата и домаќинството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ако имате женско детенце еве што треба да направите за Велики Петок
-
Верувања за Велики Петок: Кој денес ќе ја измие косата ќе си го смени животот во следната година
-
Денес е најтешкиот ден во православниот свет – еве што се случило на Велики Петок
-
Муслиман направил хаос во црква на Велики петок: Хрвати во паника настрадаа во стампедо