| четврток, 6 декември 2018 |

Шварценегер се огласи по операцијата на срцето: Се разбудив, тоа е нешто за што треба да бидам благодарен

Вистина е, се вратив, објави Арнолд Шварценегер (70) на социјалните мрежи. Актерот беше на операција на срцето по компликации со претходна интервенција.

– Отидов на спиење очекувајќи дека ќе се разбудам со мала лузна, а имам голема. Но знаете што? Се разбудив и тоа е нешто за што треба да бидам благодарен, напиша поранешниот гувернер на Калифорнија.

Шварценегер им се заблагодари на лекарите и медицинските сестри, како и на обожавателите кои цело време му праќале пораки со поддршка.

Актерот минатата година се разведе од сопругата, новинарката Мари (63) по 31 година брак. Тие имаат четири деца, два сина и две ќерки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top