| четврток, 6 декември 2018 |

Робен откри детали за средбата со Фергусон: Имавме одличен разговор, но потоа ништо не се случи

Одличниот холандски крилен напаѓач и покрај тоа што е веќе ветеран, се уште е важна алка во тимот на Баерн М. кој игра како препороден под водство на Јуп Хајнкес. Со оглед на тоа што веќе деветта сезона е во германскиот гигант, тој дефинитивно веќе важи за една од легендите на клубот од „Алијанц арена“.

Робен му се приклучи на Баерн во 2009 година во трансфер од Реал Мадрид, а иако ја имаше честа да настапува и во Премиер лигата како член на Челси, Робен сега откри една интересна приказна која всушност му претходела на неговиот премин на „Стемфорд Бриџ“. Како талентирани 20-годишник, Робен беше на радарот на многу европски тимови, а ексклузивната шанса да го обезбеди неговиот потпис го имал Сер Алекс Фергусон кој од непозната причина не му понудил соработка на младиот Арјен при специјалната вечера која ја имале во Манчестер.

– Имав навистина одлична конверзација со Сер Алекс при една вечера во Манчестер и цело време зборувавме за фудбалот и случувањата во животот. Имав и убава прошетка низ тренинг кампот на Јунајтед и се беше одлична. Тоа можеше да ми ја промени кариера, да ми го промени текот на кариерата, но потоа само се вратив во ПСВ и ништо не се случи. Немаше конкретен контакт и не се случи ништо. Во тоа време, ПСВ исто така преговараше со Челси, па можно е тие да понудиле повеќе пари. Навистина не знам што точно се случи, имав само една средба со луѓето од Челси и се беше брзо решено. Ако Манчестер Јунајтед ми понудеше договор, веднаш ќе прифатев, но тоа не се случи и не жалам за тоа, вели Робен во интервјуто за магазинот „Фор-Фор-Ту“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top