| четврток, 6 декември 2018 |

Балтичките држави – Руски непријатели

mapaТрадиционалното истражување на московскиот центар Левада, за тоа кого руските граѓани го сметаат за пријатели, а кого за непријатели, можеби ќе дадеше поинакви резултати на непријателската ранг листата, ако беше направено по аферата „Сноуден“, анализира српскиот весник „Новости“.

Поголемиот број Руси и натаму ј доживува својата држава како велесила, па секоја закана од преку океанот предизвикува незадоволство и коментари.

Вака,  на прво место е Латвија, која како непријател ја посочил секој втор од над 1600 анкетирани.

Исто толку најголем пријател гледа во Белорусија.

Новости коментира дека на листите ја нема Србија и покрај толку истакнуваното српско- руска блискост.

Листите според број на гласови изгледаат вака:

Пријатели

Белорусија, Казахстан, Кина, Германија, Индија, Ерменија, Бугарија, Украина, Франција, Италија.

Непијатели

Латвија, Грузија, Литванија, САД, Естонија, Украина, Авганистан, Ирак, Молдавија, Полска.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top