Армијата на Република Македонија денеска на плоштадот „Македонија“ се претстави пред граѓаните. На отворениот ден можеше да се видат: гардата во АРМ, Воениот оркестар, армиските специјалци и нивните боречки вештини, дел од оклопните возила на АРМ, како и хеликоптери на АРМ.
На штандовите поставени на плоштадот, граѓаните се запознаваа со Јавниот оглас за прием на професионални војници, но и со Воената академија, Центарот за обука на пилоти и Регионалниот центар за односи со јавноста.
фото: МИА
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.