Жена од кавадаречкото село Росоман, го пријавила својот сопруг во полиција оти дома чувал рачна бомба пет години, информираше МВР.
Во ПС Кавадарци вчера се јавила Р.М. (65) која рекла дека во семејната куќа во селото Росоман нејзиниот сопруг З.М. (51) околу пет години чувал бомба.
Од страна на полициски службеници излезено е на местото на настанот и во една од собите во куќата била пронајдена експлозивната направа.
Бомбата била одземена и предадена за понатамошна постапка на службите од Дирекцијата за заштита и спасување. Се работи на расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст