Потресни сведочења доаѓаат од вториот по големина студентски дом во Скопје. Идните македонски интелектуалци кои треба да бидат столб на ова општество се плашат за своите животи.
На социјалните мрежи беше објавено дека ноќеска во 3 часот по полноќ непознати лица се обиделе да влезат во неколку од собите каде што спиеле студентите.
Од она што може да се забележи од коментарите веднаш по немилиот настан била исконтактирана управничката која им рекла дека нема што да направи во ваква ситуација. Студентите прашуваат дали се грижи некој за нивната безбедност и дали некој ќе одговара за овој терор што им се случува.
Ова не е прв пат студентскиот дом Стив Наумов да се соочува со катастрофални ситуации. Само пред неколку денови во храната беа пронајдени бубачки а претходно исто така студентите се жалеа на лошата и оскудна исхрана.
извор: курир.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.