| четврток, 6 декември 2018 |

Секој четврти граѓанин на Македонија живее во туѓина

Во 2015 година 24,8 проценти од сите македонски граѓани или една четвртина
живееле во странство. Според анализата на Обединетите Нации, оддел за население, Македонија е трета од пет земји во Западниот Балкан според број на жители надвор од земјата, за кои има податоци.

Прва е Босна и Херцеговина, а најмал процент на свои државјани што живеат надвор има Србија.

Албанија 38.4% (1,122,910)
БИХ 46.7% (1,650,772)
Црна Гора 22% (138,356)
Србија 10.9% (964,585)
Македонија 24.8% (516,024)

Според дестинација македонските граѓани најчесто живеат во Италија, Германија,
Швајцарија и Србија. Иселените Албанци живеат во Грција, Италија, САД и Австралија, Србите во Австрија, Швајцарија и Германија, Босанците во Хрватска, Србија Германија и Австрија, а Црногорците во Србија, Австрија и Македонија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top