| четврток, 6 декември 2018 |

Мицкоски: Секој добронамерен кој сака да застане во битката против оваа влада е добредојден во ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека политички противник на неговата партија е СДСМ и сегашната влада. Посочи дека секој оној кој е добронамерен и сака да застане во битката против оваа влада е добредојден во партијата.

-Тука нема дилеми и нема предрасуди. Каква ќе биде неговата позиција во структурата на партијата е прашање кое е резултат на разговор. Онаму каде што ќе додаде најголема вредност, рече Мицкоски.

Потенцира дека целта е победа врз политичкиот противник за интересите и доброто на Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top