Муамет Хоџа е назначен за втор портпарол на Владата, е одлучено на денешната 62. владина седница.
Хоџа е дипломиран правник, кадар на ДУИ, од 2002 до 2008 година има работено како новинар во повеќе медиуми на албански јазик. Од 2008 година работеше како раководител на сектор за односи со јавност во Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор, а извесен период беше и владин портпарол.
Миле Бошњаковски, портпаролот на Владата по назначувањето му посака добредојде на својот нов колега.
– Покрај мене како портпарол во Владата на Република Македонија од денеска е и колегата Муамет Хоџа, рече Бошњаковски во видео обраќањето на Твитер по завршување на владината седница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст