„Почитувани пријатели, особено малубројните бранители кои зачуваа достоинство. Со тага ве информираме дека денеска (30.06.2013) во главниот град на сите Хрвати, на 23 годишна возраст ќе биде еутанизирана Република Хрватска. Според пресудата од политичките вазали кои се нарекуваат хрватски и според големиот број бранители кои ја издадоа, прогласена е за виновна затоа што посакуваше независност и самостојност. Еутаназијата ќе се изврши со пристапување кон политичката заедница која се нарекува Европска Унија. Нека почива во мир, со нас е засекогаш“ , се вели во „честитката“ потпишана од Ренато Шељ, претседател на здружението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


