| четврток, 6 декември 2018 |

Метеомакс: Лето во Македонија

Територијата на нашата држава се наоѓа во поле на висок воздушен притисок (антициклон) и на стабилна, сува и топла воздушна маса од југ, вели метерологот Славчо Попоски.

Токму поради ова до крајот на денешнот ден (вторник) како и утре (среда) времето ќе биде сончево и топло додека денес во вечерните часови и во текот на ноќта кон утрешниот ден (среда) ќе има појава на умерена облачност иако понекаде е можна и малку поголема облачност.

Се работи за облачност релативно висока која не условува никакви врнежи.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежо од јужен правец кој во текот на денешниот ден повремено понекаде ќе засилува на интензитет.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 21 степен додека утре (среда) од 18 до 24 степени).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top