Британската премиерка Тереза Меј изјави дека 23-цата протерани руски дипломати биле „тајни разузнавачи“.
Со други зборови, тие се шпиуни.
Тоа би можело да ги изненади оние кои сметаат дека главни одлики на дипломатите се цврст стисок и способноста да нарачаат џин-тоник на неколку јазици.
Каде се повлекува линијата меѓу официјалната дипломатија и матниот свет на шпиунажата?
„Во секоја амбасада во светот има шпиуни“, вели професор Ентони Глис, директор на Центарот за студии по безбедност и разузнавање при Универзитетот на Бакингем.
А бидејќи сите држави го прават тоа, објаснува тој, постои „непишано правило“ да не се „ѕирка“ премногу во тоа што се случува внатре во амбасадата.
Оваа премолчена спогодба сепак има граници и престанува да важи кога ќе дојде до очигледно гршење на законите.
„Затоа труењето на поранешниот шпиун Сергеј Скрипал и неговата ќерка е толку голем проблем“, објаснува Глис.
Секако, не се сите дипломати шпиуни.
Вистинските диломати собираат информации исклучиво со дозволени средства, како што е пропишано со Виенската конвенција од 1961 година. Нивните активности се класифицираат во три области и британската влада ги дефинира како:
Политички – следење на политичките случувања во државата-домаќин и претставување на Британија во службени прилики и во медиумите.
Економски – им помагаат на британските компании да работат со домашните и ги промовираат британските инвестиции.
Конзуларни – им помагаат на британските граѓани во странство и обработуваат барања за виза.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст