| четврток, 6 декември 2018 |

Пијан велешанец со нож и секира нападнал семејство

Дваесетишестгодишен велешанец со нож и секира, завчера нападнал семејство од Велес.Против него како што информираа од обвинителството е поведена истражна постапка поради постоење основано сомневање дека сторил во обид кривично дело „убиство“ и кривично дело „загрозување на сигурноста“. Поради опасност од бегство, влијание врз сведоци и повторување на кривичното дело на осомничениот му е одреден 30-дневен притвор.

– Осомничениот на ден 1 април годинава околу 20:30 часот во објект на свињарска фарма со умисла се обидел да лиши од живот едно лице. Осомничениот во состојба на пијанство во која самиот се довел со количина на алкохол во крв од два промили, во моментот кога во објектот дошол оштетениот на истиот му се обратил со повеќе пцости упатени до него и неговото семејство. Потоа осомничениот извадил нож и со него на оштетениот му нанел неколку убоди нанесувајќи му со тоа телесна повреда. Потоа зел од објектот една секира и со истата се упатил кон останатите присутни заканувајќи им се дека ќе ги убие, со што ја загрозил сигурноста на оштетените, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top