Информациите во грчките медиуми за нова средба на шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас на 12 април, ги потврдува лидерот на партијата Река кој вчера одржа средба со шефот на грчката дипломатија.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, Ставрос Теодоракис во интервју за државната ТВ ЕРТ, повикувајќи се на она што го слушнал од Никос Коѕијас, рече дека следниот четврток ќе има нова средба, а доколку се биде во ред, тогаш случајот ќе премине во рацете на двајцата премиери.
– Имам кажано дека, април многу веројатно е да го даде решението. На 12-ти месецов, како што ме извести господинот Коѕијас ќе ја има следната важна средба со министерот за надворешни работи на ПЈРМ и ако помине добро оваа средба, сфаќам дека случајот ќе оди во рацете на двајцата премиери, вели лидерот на партијата Река, во интервјуто за државната ТВ ЕРТ.
Во однос на позициите на партијата во разговорите за името, Теодоракис уште еднаш повтори дека Река се залага за решение кое паралелно ќе донесе и правни обврзувања за отстранување на иредентизмот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст