| четврток, 6 декември 2018 |

Прашањето за името една од темите на денешната седница на грчката Владa

Преговорите за името и последната средба во Виена, грчко – турските односи, како и економијата, се очекува да бидат темите на денешната владина седница со која ќе претседава грчкиот премиер Алекис Ципрас.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, состанокот е закажан за 11 часот по локално време, а во кусото соопштение од премиерскиот кабинет, не се споменати темите кои што ќе се најдат на масата пред министрите од СИРИЗА и Независни Грци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top