| четврток, 6 декември 2018 |

Шок во Шведска: Пријавено силување за време на прволигашки натпревар

Новата сезона во шведското фудбалско првенство започна со голем шок за целокупната фудбалска јавност, а поради информацијата потврдено од полицијата.

За време на прволигашкиот натпревар меѓу Хамарби и Сириус било пријавено силување, кое се случило во еден од тоалетите, а по кое жртвата итно била пренесена во болница.

– Имаме пријава за силување, кое се случило во еден од тоалетите. Засега нема уапсени за овој случај, – истакнале од шведската полиција.

Истовремено, други навивачи биле уапсени поради хулигански испади и проблематично однесување во алкохолизирана состојба.

derbi.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top