| четврток, 6 декември 2018 |

Наиголан ја изненади италијанската јавност со својата последна изјава

Белгиецот Раџа Наиголан ја изненади целата италијанска фудбалска јавност, па дури и неговиот најголем „непријател“ – Јувентус. Тој до сега не се воздржуваше да каже дека нема никакви симпатии кон Јувентус, па затоа со неговата најнова изјава ја шокираше Италија. Фудбалерот на Рома вели дека попрво би сакал Јувентус да го освојат Скудетото, отколку Наполи.

– Немам ништо против Наполи, но ние бевме втори пет години во низа и би ми паднало тешко ако некој друг ги симне Јувентус од тронот, изјави Наинголан и додаде:

– Другата причина е Мертенс. Не би можел да останам жив од него ако Наполи го освои Скудетото, се пошегувал Наинголан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top