| четврток, 6 декември 2018 |

Гостивар: Додека шетал по кејот му се слошило и паднал во Вардар, го спасиле случајни минувачи

 

Вчера околу 17.30 часот во болницата во Гостивар бил донесен М.Н. (46) од Гостивар со повреда на главата.

Според пријавеното, тој шетајќи се по кејот, му се слошило по што паднал во реката Вардар и веднаш бил извлечен од случајни минувачи. По укажаната лекарска помош, М.Н. бил пуштен на домашно лекување.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top